Украинската компанија Константиновскѕ Плант оф Металлургицал Ељуипментт (КПМЕ) која пред три месеци најави инвестиција во Македонија во рудник за бакар, регистрираше фирма во Македонија. Според податоците од Централниот регистар името на компанијата во Македонија е Акционерско друштво Коппер инвестмент АД Скопје, а основана е со паричен влог од 150.000 евра, или 37.500 издадени акции од кои 25.000 се обични акции, а 12.500 приоритетни, сите по цена од 4 евра по акција. Според Централниот регистар како сопственици се јавуваат Артем Скубенко и Сардич ЛТД кои се со адреса во Лондон, Велика Британија. Овластено лице на компанијата регистрирана во Македонија е Зоран Мајнов кој е истовремено извршен член на одборот на директори, а за неизвршни членови се назначени Артем Скубенко од Велика Британија, Генадиј Сичов од Доњецк Украина и Володомир Скубенко од Киев Украина.
Украинската компанија Константиновскѕ Плант оф Металлургицал Ељуипментт (КПМЕ) која пред три месеци најави инвестиција во Македонија во рудник за бакар, регистрираше фирма во Македонија.
Според податоците од Централниот регистар името на компанијата во Македонија е Акционерско друштво Коппер инвестмент АД Скопје, а основана е со паричен влог од 150.000 евра, или 37.500 издадени акции од кои 25.000 се обични акции, а 12.500 приоритетни, сите по цена од 4 евра по акција.
Според Централниот регистар како сопственици се јавуваат Артем Скубенко и Сардич ЛТД кои се со адреса во Лондон, Велика Британија.
Овластено лице на компанијата регистрирана во Македонија е Зоран Мајнов кој е истовремено извршен член на одборот на директори, а за неизвршни членови се назначени Артем Скубенко од Велика Британија, Генадиј Сичов од Доњецк Украина и Володомир Скубенко од Киев Украина.
Пред три месеци по средбата со премиерот Никола Груевски, Генадиј Сичов, заменик-претседател на компанијата информира дека плановите во Македонија им се прво да направат детални геолошки истражувања на три наоѓалишта за кои добиле концесија, две во Валандово и една во Старо Нагоричане, Кумановско.
Компанијата потпиша договор со македонски фирми кои ќе работат на геолошките истражувања во три наоѓалишта две во Валандово и едно во Старо Нагоричане. Инвестицијата се очекува да биде над 100 милиони долари и да се вработат 500-тини работници.
Според директорот на Дирекцијата за зони, Виктор Мизо, ова значи дека украинскиот инвеститор започнал со активностите на македонскиот пазар.
- Она што планираат да го прават не е само експлоатација на руда, туку истовремено целосна вертикална интеграција на производство на бакар, производство на катоди од бакар, жици и цевки. Потенцијалот за вработување е од 400 до 500 луѓе, врз основа на целиот процес на трите рудници и фабриката, и можност за инвестирање која ќе надмине над 200 милиони долари во следниот период, вели Мизо.
Целиот процес на истражување, како што додаде, се очекува да заврши до крајот на оваа година, по што ќе следи изградбата на фабриката, која ќе биде во близина на рудникот. Фабриката треба да почне со работа на крајот на 2015 или почетокот на 2016 година. Ваква фабрика досега нема во Македонија, а пласманот на бакарот ќе биде на светските пазари.